Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ: Се наоѓам пред портите од рајот, но притисокот е – преголем!

Започнува годинешното издание на УС ОПЕН, последниот Гренд слем турнир годинава.

Моментно Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Федерер имаат по 20 грен слем трофеи.

Претходните три беа во режија на српскиот тенисер, каде на сите три триумфираше и сега има шанса да направи нешто големо, да освои календарски слем, нешто во минатото што му успеало само на Род Лејвер.

„Знам дека пред мене е голема шанса да сторам нешто големо. Во Њујорк низ историјата играв добро и не можам да дочекам за турнирот да почне. Мотивиран сум и сакам да покажам добар тенис“.

Го прашаа новинарите и за Род Лејвер:

„Немам разговарано со него, но дефинитивно ќе се обидам да стапам во контакт и да поразговараме на таа тема. Тој е една од легендите во овој спорт и некој на кого му се восхитувам и кој многу го почитувам, можеби ќе може да ми даде некој совет“, порача Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас на стартот од „Ју-Ес Опен“ ќе ги одмери силите со 18-годишниот дански тенисер, Холгер Руне.