Другите пишуваат...
Ѓоковиќ: Совршен тенисер? Едноставно – тоа е Надал!
Новак Ѓоковиќ гостуваше на онлајн емисија на официјалниот профил од Дејвис купот, каде што му беа поставени интересни прашања. Почетното беше можеби и најинтересно, а Србинот требаше да опише совршен тенисер.
„Едноставно, тоа е Надал. Неговиот форхенд е еден од најдобрите на сите времиња. Во него има премногу топспин што секоја топка е тешка. Не му е проблем позицијата од која задава удар, а истиот го притиска противникот. Таа техника ја користи и за одбрана на противничките удари. Надал никогаш не се откажува, секогаш има боречка сила и дух, а тој став го изнесува на теренот“, призна Новак.
Ѓоковиќ зборуваше и за останатите сегменти на тениската игра, а интересно за тежок бекхенд противник го наведе Давид Гофин, наместо Роџер Федерер. Како едни од најголемите таленти ги истакна Феликс Оже-Алијасим и Денис Шаповалов, а за најдобар на сервис го смести Кирјиос.
Српскиот тенисер не остана скромен до крај и за себе призна дека смета како има најдобра одбрана и враќање на удари.