Други спортови
Ѓоковиќ: Тешко е да се каже кој е подобар меѓу мене, Федерер и Надал
Многумина го сметаат Ѓоковиќ за најдобар на сите времиња, па новинарите му го поставија тоа прашање.
„Тешко е да се каже кој е подобар од нас тројца. Сите сме различни и играме со различен стил на игра. Некој е подобар на одредена подлога, па тоа носи интересна дебата кај навивачите. Мислам дека нашето ривалство е одлично за спортот. Колку повеќе трае оваа дебата, толку повеќе тенисот ќе се развива во иднина“.
Во овој момент тројцата имаат по 20 Грен слем титули Ѓоковиќ ако успее да триумфира на УС Опен ќе застане осамен на врвот во оваа категорија.