Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ во финале во Токио, за трофејот ќе се бори со Милман

Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за финалето на АТП 500 во Токио, откако го совлада Давид Гофан со 6:3, 6:4.

Светскиот бр.1 го покори шампионот од 2017 година за 1 час и 29 минути, а клучни беа брејковите, кои ги направи на почетокот на двата сета.

Противник во финалето на Ноле ќе биде Џон Милман, за кого ова е прв дуел за трофеј од АТП 500.

Ова е петто финале во сезоната за Ѓоковиќ. Тој има шанса да освои десетти турнир во кариерата од неговиот прв обид, од кои последниот беше во Истбурн во 2017 година во подготовките за „Вимблдон“.