Connect with us

Ракомет

Голден Арт КЛ7 почнува со подготвителни натпревари во Охрид

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Екипата на Голден Арт КЛ7 ги продолжуваат подготовките за својата дебитантската сезона во најквалитетното ракометно натпреварување во државата. Првиот дел од подготовките според планот изработен од стручниот штаб предводен од Андон Бошковски, младите ракометари го одработија во Скопје, а вториот дел од неделата го продолжија во Охрид.

– До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид нашите момци ќе имаат згуснат распоред на тренинзи но и одлична можност за проверка на формата, одигрувајќи неколку подготвителни натпревари против вториот тим на Еурофарм Пелистер, натпревар кој ќе одиграа во петок (21.08), а потоа следат две контролни средби со екипата на РК Аеродром и РК Прилеп во недела (23.08).

Последната фаза од подготовките Голден Арт КЛ7 ќе ја реализираат во Скопје каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од суперлигата, очекувајќи го стартот на сезоната, информира прес-службата на клубот.

Во новата сезона која ќе стартува на 12/13 септември Голден Арт КЛ7 ќе се натпреварува во групата А заедно со Тинекс Пролет, Охрид, Радовиш, Струга, Астраион и Јуниор Кисела Вода. зс/

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com