Connect with us

Кошарка

Голден Стејт го совлада Сакраменто во натпревар со рекорден број на тројки (видео)

Лидерот на Голден Стејт – Стеф Кари, реализира 10 тројки и заврши со 42 поени при успехот на шампионите со 127:123 во салата на Сакраменто во средба од регуларната сезона на НБА.

Дуелот скрши неколку рекорди за успешен шут од дистанца, откако двата тима реализираа досега невидени 41 тројки, а домаќините за прв пат во историјата постигнаа 20 тројки во еден натпревар.

Кевин Дурант додаде 29 поени и 9 асистенции за гостите.

Бредли Хилд постигна 32 поени за Сакраменто, а Џастин Џексон додаде 28, но домаќините прокоцкаа предност од 103:96 по првите три дела.

Резултати од НБА:

Денвер – Шарлот 123:110
Детроит – Јута 105:110
Филаделфија – Далас106:100
Кливленд – Њу Орлеанс 98:133
Милвоки – Торонто 116:123
Сан Антонио – Мемфис 108:88
Портланд – Хјустон 110:101
Сакраменто – Голден Стејт 123:127.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com