Голем интерес за дуелот со Кил, РК Вардар пушти дополнителни билети

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил на 7 октомври РК Вардар пушти дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети. Истите се за секторот стоење.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота, 12 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.