Connect with us

Други спортови

Голем инцидент на кружната трка во Скопје, излетал автомобил и посериозно повредил едно лице

Кружната трка во Скопје е во прекин поради големиот инцидент кој се случи кога еден од натпреварувачите излетал и посериозно повредил еднло лице.

По пауза од седум години денеска во Скопје за првпат се одржуваат кружни трки, но тие паднаа во сенка на еден голем инцидент кој се случи.

Хрватскиот возач Бркиќ со својата Хонда Цивик излетал од патеката, удрил во заштитната ограда но го зафатил и еден од организаторите, Александар Димушевски.

Тој имал посериозни повреди и веднаш бил префрлен во ургентниот центар.