Ракомет
Голем скандал, најдобрите македонски судии посочени дека местеле натпревари, сомнителен мечот Вардар-Веспрем
Данскиот медиум ТВ2, а повикувајќи се на извештајот на Спортрадар објави голем скандал со местење на ракометни мечеви, пред се во Лигата на шампионите. Што е уште поскандалозно за нас е тоа што вмешани во местењето биле и најдобритр македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начески.

Наводно станува збор за осум судиски двојки и вкупно 26 мечеви во ЛШ и репрезентативно ниво. Спомнителен бил и мечот Вардар-Веспрем одигран на 6-ти декември 2016-та.
Николов и Начески се дел од актуелното СП, па ТВ2 објави дека разговарале со нив.
-ТВ2 се сретна со македонското дуо по нивниот прв меч на Светското првенство, во Малме, петок навечер. Кога им го презентиравме извештајот на ‘Спортсрадар’, Николов и Начевски одбија да коментираат зошто нивните имиња се спомнати во извештаите. Во интервји за ТВ2 и Хрватските судии Матија Губица и Борис Милошевиќ негираа конекција за местење натпревари“, пишува ТВ2.
Целата вест на дански ТВ2.