Connect with us

Тајмаут

Голем скандал во Италија: Сите зборуваат за 53 години помладата девојка на Силвио Берлускони

Девојката на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони доби нов мандат во парламентот.

Марта Фасцина беше реизбрана за пратеник во Претставничкиот дом на Сицилија. Противниците ја критикуваа дека, всушност, никогаш не стапнала таму освен кога дошла на одмор како мало девојче. Впрочем, неодамна и самата призна, но тоа не ја спречи во кампањата и повторно собра најмногу гласови.

Ќерката на поранешниот премиер на Италија и поранешен сопственик на Милан, која сега раководи со новиот член на Серија А Монца, собра околу 45 отсто од гласовите на место каде што не била откако отишла на одмор со својот татко како мало девојче.

Антонио Феранте го критикуваше фактот што се најде само на третото место и покрај постојаното присуство на Сицилија во последните недели, за разлика од Марта која беше избрана без ни да стапне таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

„Не е нормално да победи човек кој никогаш не стапнал во Марсала, но со овој глупав изборен закон луѓето гласаа за партија, а не за Фасцина. Таа беше кандидатка на Сицилија затоа што дојде овде на одмор. Дали е тоа нормално ?“, рече тој.

Имавме прекрасна изборна кампања, добивме 28.000 гласови, завршивме одлична работа, но националниот резултат е ваков“, додаде разочараниот политичар.

Марта Фасина е родена во 1990 година во Мелито Порто Салво, во провинцијата Реџо Калабрија, пораснала во Портика, во провинцијата Неапол, а дипломирала литература и филозофија на Универзитетот во Рим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Во неодамнешното интервју за Либеро, таа изјави дека одлуката да се кандидира за Марсала била партиска и дека ја прифатила со „ентузијазам и гордост“.

„Сицилија е прекрасен регион, кој го познавам од мала, татко ми ме носеше таму на одмор“, рече тогаш таа.

Силвио Берлускони (85) во март имаше „симболична венчавка“ со својата девојка Марта Фасина, која е 53 години помлада од него. Двајцата не можеа официјално да се венчаат поради наследен спор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Иако воопшто не била задоволна од тоа што оваа заедница не е официјална, Марта се однесувала така и организирала се како да е во легален брак. Таа носеше фустан од тантела од Антонио Рива, чија цена е 20.000 евра.

Истовремено, извори блиски до нив тврдат дека забавата би чинела вкупно околу 400.000 евра.

Марта често ја гледаме на стадионите во Италија во друштво на нејзиниот многу постар сопруг, со кој ги следеше натпреварите на Милан, а сега и Монца, која ја игра својата дебитантска сезона во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.