Connect with us

Ракомет

Големи проблеми за Македонија: Поради Ковид двајца голмани отпаднаа од списокот, во Скопје остануваат Митревски, Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ

Ракометната федерација на Македонија го објави списокот на ракометари кои Кире Лазаров ќе ги поведе на ЕП. Со оглед на тоа дека вчера беше потврдено дека петтмина имаат позитивен тест на Ковид 19, а по денешниот објавен список, нивните имиња се познати. На ЕП нема да патуваат двајца голмани, од кои првата опција Никла Митевски, како и неговиот колега на голот Марко Кизиќ. Поради позитивен тест во Скопје остануваат Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ. Петиот позитивен е Петар Баснарков, член на стручниот штаб. Поради несаканите проблеми пред патот за Унгарија, дополнително повикани се Градимир Чаневски и Благојче Трајковски

Список на ракометари за ЕП 2022
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров

Таборот на македонската ракометна репрезентација заминува денес во 14:10 часот за Дебрецин