Connect with us

Кошарка

Големиот Мајкл Џордан го пофали Лука Дончиќ

Лука Дончиќ е дефинитивно еден од кошаркарите што треба да биде една од најголемите ѕвезди во НБА.

Пофалби за фантастичниот Словенец доаѓа од сите страни, а еден од оние што го фалат е легендарниот Мајкл Џордан, на многу начини најдобриот на сите времиња.

Џордан има само пофални зборови за Дончиќ.

„Лука е феноменален кошаркар и како таков млад играч, задоволство ќе биде да го следиме неговиот развој во НБА лигата“, изјави ордан.

Дончиќ синоќа се врати на паркетот, откако неколку дена имаше проблеми со повреда на зглобот и постигна 24 поени со 10 скока во победата на Далас против Спарсите во Сан Антонио.

Во текот на оваа сезона, Дончиќ е во просек од 29 поени, 9,6 скока и 8,8 асистенции по натпревар.