Connect with us

Фудбал

Големиот талент на Челзи треба да избере помеѓу Австрија и Англија

Големиот академски талент на Челзи, Карни Чуквуемека е баран од Австрија. Селекторот Ралф Рангник лично се обиде да го убеди фудбалерот да ја префрли Англија во австриската репрезентација.

Чуквуемека беше дел од селекцијата на Англија до 19 години која го освои Евро 2022 во Словачка.

Тинејџерот допрва треба да дебитира за машката репрезентација на Англија, па сепак би можел да се одлучи за Австрија.

Чуквуемека е роден во австрискиот град Ајзенштад, но пораснал во Нортхемптон со неговите родители Нигеријци.

Австрија го контактирала Чукеемека и му понудила да ги брани боите на својата татковина Австрија, пишува talkSPORT.