Фудбал
Големиот талент на Реал Мадрид мораше да се пензионира на 19 години: Бактерија засекогаш му го уништи коленото
Еден од најталентираните фудбалери од младинската академија на Реал Мадрид, Марк Кукалон, на 19-годишна возраст ја заврши кариерата. Кукалон се прости од фудбалот во кој нема да одигра ниту еден сениорски натпревар поради сериозноста на повредата што го погоди на 6 септември 2022 година.
🚨 Marc Cucalón suffered an ACL injury in 2022. During the surgery, a bacteria got into the cartilage of the joint which caused an infection that’s rare.
He has now decided to retire at 19 years old. @relevo 💔😔 pic.twitter.com/V1nFxGjDEV
— Madrid Xtra (@MadridXtra) November 12, 2024
На натпревар од младинската лига, тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. Беше опериран и мораше да паузира неколку месеци, но за работата да биде полоша за него – бактеријата му ја нападна зглобната ‘рскавица и предизвика инфекција. Лекарите се мачеа да му помогнат, но речиси 800 дена подоцна мораше да се повлече од фудбалот. Едноставно, неговите колена не можат да го поднесат напорот на професионалниот фудбал.