Connect with us

Фудбал

„Големите“ покажаа дека ЛШ е за елитата, Црвена Звезда се прости од Европа

Немаше изненадувачки резултати во вечерашните натпревари од последното коло во групите А, Б, Ц и Д. „Големите“ екипи според планот, па уште еднаш покажаа дека Лигата на шампионите е за елитата. Освен Аталанта која е пријатно изненадување, а за која пишувавме претходно, останатите резултати се според очекуваното.

ПСЖ убедлив против Галатасарај со 5:0, а погодија Икарди, Сарабиа, Мбапе, Нејмар и Кавани кој влезе од клупата. Мурињо загуби со неговиот Тотенхем на гостувањето кај Баерн Минхен со 3:1. Нешто слично како Динамо Загреб и Црвена Звезда се прости од Европа оваа сезона. Загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 1:0 во директната пресметка за третото место во групата кое носи фудбалска пролет во Лига Европа.

ГРУПА А
Бриж – Реал Мадрид 1:3

ПСЖ – Галатасарај 5:0

ТАБЕЛА: ПСЖ  16, Реал Мадрид 11, Бриж 3, Галатасарај 2

ГРУПА Б

Баерн Минхен – Тотенхем 3:1

Олимпијакос – Црвена Звезда 1:0

ГРУПА Ц

Динамо Загреб – Манчестер Сити 1:4

Шахтјор – Аталанта 0:3

Табела: Манчестер Сити 14, Аталанта 7, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5

ГРУПА Д
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2:0

Баер Леверкузен – Јувентус 0:2

ТАБЕЛА: Јувентус 16, Атлетико Мадрид 10, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3