Ракомет
Големо изненадување на олимпискиот турнир во ракомет
Олимпијадата е при крај. Денеска на програмата беа натпреварите од четвртфиналето на ракометниот турнир.
Франција го победи Бахреин со убедливи 42:38, во скандинавското дерби Данска беше подобра од Норвешка со 31:25.
Беше крајно неизвесно на дуелот помеѓу Шпанија и Шведска. На крајот, Шпанците беа оние кои се радуваа со резултат 34:33.
Најголемото изненадување беше видено на натпреварот помеѓу Германија и Египет. На крајот, африканскиот претставник славеше со дури пет гола разлика, заврши 31:26.
Омар и Зеин ги предводеа фараоните со по пет гола, ја имаа и поддршката од Ел-Дераи кој постигна четири гола. Кај поразените Германци се истакнаа Кун и Гола со по шест гола.
Франција – Египет и Шпанија – Данска ќе се сретнат во полуфиналето, кое е закажано за четврток, 5 август. Финалето ќе се одигра на 7 август.