Ракомет
Големо признание, Македонци ќе го судат финалето на Светското првенство
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Ноколов се делегирани да го судат големото финале на СП во ракомет помеѓу Франција и Данска. Мечот започнува во 21 часот, а секако ова е уште едно големо признание и чест за македонската судиска двојка.
Инаку, претходно во 18 часот за бронзениот медал ќе се борат Шведска и Шпанија.