Connect with us

Тајмаут

Големо срце: Ловрен има посебен подарок за неговото родно место

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен вчера беше во Краљево Сутјеска, каде што беше организиран незаборавно добредојде.

Дејан малото место кое се наоѓа во близина на Какањ, го посети во придружба на неговите родители, а таму стотици луѓе го поздравија со песна и извици на поддршка. “Дејо, Дејо”, се слушаше од сите страни.

Како знак на благодарност за поддршката од локалните жители на Краљево Сутјеска, Дејан на Instagram профилот откри дека ќе отвори пензионерски дом на ова место.

“Со гордост можам да кажам дека тука ќе изградам пензионерски дом, тоа е најмалку што можам да го направам за вас драги луѓе …”, напишал Ловрен кој се фотографирал пред францисканскиот манастир.

Во објавата, тој уште еднаш се заблагодари и напиша “прекрасно добредојде”.