Connect with us

Фудбал

Голгетерскиот пост на Лукаку достигна шест натпревари

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку веќе шест натпревари нема постигнато гол. Белгиецот не се запиша во листата на стрелците ниту на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите против Бенфика на „Олд Трафорд“.

Манчестер победи со 2:0, а серијата на Лукаку без погодок трае шест натпревари или 477 минути.

Шанса да ја прекине серијата напаѓачот на Јунајтед не доби ниту во 15. ниту во 78. минута кога беа досудени пенали.

Мурињо не му дозволи на Лукаку да изведе удар од 11 метри.

– Не гледам овде ништо драматично. Фудбалерите ја почитуваат мојата одлука, тоа е се. Ќе има денови кога и Ромелу ќе шутира пенал. Мојата одлука беше на основа на тренинзите и се обидов да донесам правилно решение, истакна Мурињо.