Тајмаут
Голман се пласираше во финалето на Евровизија, натпревар за најдобра песна во Европа (ВИДЕО)
Неговото име е Џереми Макиезе. Тој има 21 година и оваа сезона е под договор со белгискиот второлигаш Екселзиор Виртон. Сепак, очигледно е дека овој млад дечко се одлучил за музика иако има професионален фудбалски договор.
Тој настапи на Евровизија во Торино, каде воодушеви сите со песната „Miss You“ и се пласираше во финалето. Макиезе е роден во Антверпен и потекнува од Конго.
Тој е победник на белгискиот натпревар „The Voice“ во 2021 година, а во септември потпиша договор со Виртон.
Престојот во Торино го искористи за да го посети стадионот на Јувентус и беше почестен со дресот со број 1.
View this post on Instagram