Connect with us

Тајмаут

Голманката пронајдена мртва, сопругот го призна злосторството: „Господ ми рече да ја убијам“

Реган Гибс е мртва. Поранешната голманка на репрезентацијата на Универзитетот во Канзас била пронајдена мртва во својата куќа. Полицијата го уапсила нејзиниот сопруг кој го признал делото.

Тимот на Универзитетот во Канзас ја објави застрашувачката вест за смртта на Реган Гибс. Во минатото таа беше голман на американскиот тим.

„Уништени сме од загубата на Реган Гибс. Изразуваме искрено сочувство до семејството, пријателите и соиграчите на Реган“, напиша тимот на Твитер.

Полицијата во понеделникот го пронашла телото на 25-годишната во сопствениот стан. Службите објавија дека веста за смртта на младата голманка ја соопштил нејзиниот сопруг Чад Џозеф Марек. Мажот повикал полиција и ја признал вината.

 

„Тој ни рече дека Бог му рекол да ја убие“, рече началникот на државната полиција Рич Локхарт.

 

Секако, 26-годишникот е уапсен и обвинет за убиство од прв степен. Судот веќе одреди кауција со која сопругот на убиената може да го напушти притворот – таа е милион долари. Полицијата истражува и дали тој бил здрав во моментот на извршување на делото.

 

„Се разбира, има некои прелиминарни знаци дека оваа личност не била психички стабилна. Тоа го нарекуваме состојба на психоза, така што очигледно ова е нешто што ќе го истражиме и овој случај ќе продолжи“, додаде Локхарт.

 

Службите не открија како е убиена Гибс. Полицијата само потврди дека била жртва на семејно насилство.

 

Реган Гибс е родена во Начес, Вашингтон. 25-годишната девојка настапуваше со колеџ тим од Канзас од 2015 до 2018 година. За тоа време, таа учествуваше на два тимски турнири на NCAA.