Поврзи се со нас

Ракомет

Голманот на Флензбург пред гостувањето во Скопје: Среќа ќе го нема „жешкиот лонец“

Пред патувањето во Скопје и гостувањето кај Вардар во 4.коло од ЕХФ лигата на шампионите, голманот на Влензбург, Робјерн Бергеруд смета дека големо олеснување за неговиот тим е што мечот ќе се игра пред празни трибини во „Јане Сандански“.

-Салата „Јане Сандански“ важи за „жежок лонец“ во ракометниот свет, меѓутоа во време на корона е сосема поинаку. Тоа што нема да има публика секако е мала предност за нас. Салата нема да биде преполна и гласна како што е вообичаено, изјави Норвешкиот интернационалец за германските медиуми.

Мечот се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.

 

Advertisement