Connect with us

Фудбал

Голманот на ПСЖ е хоспитализиран и е во тешка состојба

Вториот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико е хоспитализиран во „тешка состојба“ по несреќата со јавање коњ во Андалузија, соопшти францускиот прволигаш.

Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на ПСЖ, без да даде детали за околностите на несреќата.

Како што пишува Marca, шпанскиот репрезентативец е во стабилна состојба.

По несреќата, Рико со хеликоптер бил пренесен во болницата „Вирген дел Росио“ во Севилја, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот, јавува локалниот телевизиски канал Канал Сур.

Рико беше на клупата во саботата вечерта во Стразбур на натпреварот на кој ПСЖ стана шампион на Франција, а во неделата наутро веќе беше во Андалусија каде ја доживеа оваа несреќа додека возеше во близина на својот дом во Ел Росио, во провинцијата Хуелва. , според истиот медиум..

Тој пристигна во ПСЖ во 2019 година од Севиља и одигра 24 натпревари за парискиот клуб.

Facebook