Connect with us

Фудбал

Голот на Меси е избран за гол на сезоната во ШЛ (ВИДЕО)

Голот на Лионел Меси на гости против Бенфика во групната фаза е прогласен за гол на сезоната во Лигата на шампионите. Ова денеска го сподели официјалната страница на турнирот.

Аргентинецот се избори со ударот на Винисиус против Манчестер Сити во полуфиналната фаза и ударот на Ерлинг Холанд против Борусија Дортмунд во групната фаза за наградата.

По секоја веројатност овој гол на Меси може да се покаже како еден од последните во целата кариера на техничарот во Лигата на шампионите, бидејќи многу наскоро ќе заигра за американскиот Интер Мајами.