Connect with us

Ракомет

Гонзалес се прости од Вардар

„Црвено-црните“ го обезбедија трофејот уште пред неколку кола, но денеска го одиграа последниот натпревар во овој состав.

Денеска во „Автокоманда“ дресот на Вардар последен пат го носеа Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Жоан Канељас и Хорхе Македа, додека повредените Арпад Штербик Илија Абутовиќ не беа во составот, па тие последниот натпревар го одиграа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

За последен пат Вардар oд клупата го водеше и тренерот Раул Гонзалес, кој од следната сезона ќе го води најбогатиот тим во Европа, ПСЖ.