Connect with us

Ракомет

Гонзалес: Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација

Европскиот првак Вардар викендов повторно гостува во лигата на шампионите, овојпат кај ППД Загреб со надеж да се продолжи добрата серија во која освојуваме бодови и победуваме. За двете екипи ова ќе биде трета средба сезонава. Веќе двапати ППД загреб гостуваше во Скопје, во ЛШ и еднаш во СЕХА Газпром лигата.

Средбата со ППД Загреб се игра во сабота во 20 часот. Вардарци патуваат комплетни во Хрватска на двобој со тимот од Загреб, вклучувајќи го и Рожерио Мораеш кој имаше повреда и пропушти неколку средби.

Сега е слична ситуација како лани, одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме 5 гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок“, вели Раул Гонзалес тренерот на Вардар.

Може да играат 7 на 6 на пример. Но, мислам дека ќе играат повеќе или помалку како и секогаш. Но, надвор кога се игра е потешко. Сега играме во гости. Секој сака дома да победи. Сигурно дека салата ќе биде полна и нѐ очекува добра атмосфера. Само сакаме да се фокусираме на Загреб, зашто после имаме време да мислиме на следните ривали. Победа си е победа. Тоа е сега најважното“, вели Гонзалес.