Connect with us

Ракомет

Гонзалез: Вардар секогаш ќе има шанса да игра на завршниот турнир

Веќе поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез во интервју за официјалната страна на СЕХА лигата го резимираше неговиот престој во македонскиот шампион.

Тој изјави дека е многу горд на сработеното со „црвено-црните“.

– Горд сум бидејќи заедно се искачивме на врвот. На почетокот Вардар беше нов клуб што покажа големи амбиции, а до крај го постигнавме најголемиот успех во Лигата на шампиони. Мислам дека кога поминаа првите две години, бевме многу добри. Игравме во главната група и тоа е многу тешко. Нашата екипа секогаш беше на врвот и тоа е многу важно, затоа што, иако не игравме во Келн првите сезони, имавме многу добри шанси против Киелце и Веспрем. Тие беа малку подобри од нас за некој гол. Мислам дека сега Вардар е многу добра екипа и секогаш ќе има шанса да игра на завршниот турнир, вели Гонзалес.

Целото интервју на следниов линк.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com