Други спортови
Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрс во Анталија
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира помеѓу осумте најдобри на ИТФ фјучрсот во Анталија.
Македонката денес во осминафиналето ја совлада Унгарката Амариса Киара Тот со 2-1, по сетови 4:6, 6:4 и 6:4.
Ѓорческа која е трета носителка на турнирот во Турција, во четвртфиналето ќе се соочи со Тара Вирт од Хрватска.