Фудбал
Госенс заработил повреда, Германија без левиот бек против Ерменија и Исланд
Робин Госенс заработил незгодна повреда на зглобот. Левиот бек на германската репрезентација, утрово беше подложен на детални лекарски прегледи и неговиот настап на следните натпревари од квалификациите за Светското првенство е под знак прашалник.
„Има проблем со скочниот зглоб и чувствува силни болки “, изјави германскиот селектор Ханси Флик.
Информациите од таборот на германската селекција се дека Госенс го свиткал зглобот и имал големи болки, по што денеска ќе ги направи подеталните прегледи за да се види сериозноста на повредата.
Госенс им се приклучи на Томас Милер, кој исто така поради повреда предвреме го напушти кампот на германската репрезентација.