Connect with us

Кошарка

Гостивар го „преслуша“ МЗТ Скопје и му го нанесе првиот пораз

Екипата на Гостивар на отворањето на вториот дел од првенството го совлада МЗТ Скопје со 78:72. Ова е прв пораз на тимот од Аеродром.

Донован Доналдсон беше најефикасен на натпреварот со 20 поени, Димчески постигна 19, Џелетовиќ 18. Костоски запиша 11, Штерјов 5, Тасовски 3 и Димитриевски 2 поени. Кај МЗТ Скопје најрасположени беа капитенот Стојановски 15 и Магдевски 11 поени.