Connect with us

Фудбал

Готово е, Ибрахимовиќ одлучил

Како што пренесува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Златан Ибрахимовиќ донел одлука. Тој се решил да се врати во Серие А и повторно да го облече дресот на Милан. Ги прифатил условите на „Росонерите“, а трансферот би требал да се случи до крајот на оваа недела.

Наводно, на 30-ти декември ќе им се приклучи на новите соиграчи и ќе ги почне подготовките за вториот дел од сезоната. Договор се очекува да биде до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година.