Connect with us

Ракомет

Гоце Георгиевски уште една сезона во РК Вардар

Десното крило Гоце Георгиевски, реши уште една сезона да игра во дресот на Вардар. Вардар во иднина ќе го има речиси истиот тим како и оваа сезона. Тој со екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет.

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

 

Advertisement