Connect with us

Кошарка

Градоначалникот на Крива Паланка организираше прием за женската кошаркарска репрезентација до 14 години

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска организираше прием за македонската женска кошаркарска репрезентација до 14 години, која тековната седмица тренира во Крива Паланка.

Селекцијата девојчиња, кои треба да настапат на турнирот „Словенија Бал 2019“ во словенечкиот град Словен Градец кон средината на месецот, веќе 20 дена се подготвува под менторство на селекторскиот тим Никола Златев, Ведран Белешковски и Форка Георгиева. По подготовките во Скопје и Кавадарци, неделава, од 29 јули до 3 август тие тренираат и се воигруваат во Крива Паланка, а тоа беше повод градоначалникот да им укаже внимание на младите спортски амбасадори на државата.

– Во тимот млади репрезентативки на нашата држава се вклучени пет кошаркарки од КК „Крива Паланка“, што претставува особена чест и успех за нашиот град, нивите тренери и родители, како и љубителите на кошарката. Затоа особено сум горд на младите спортски ентузијасти од општината како што се Ведран и Ирена, а неизмерно ги ценам и напорите на родителите на децата спортисти и нивната огромна улога во моралната, финасиската и секој друг вид на поддршка и помош што секојдневно им ги пружаат на овие млади и перспективни кошаркарски таленти. Ние како институција помагаме и даваме поддршка во согласност со финансиските можности и програми на општината и континурано работиме и правиме напори со конкрени активности, во насока на развој на спортот и спортските таленти од Крива Паланка, изјави градоначалникот Мицевски.

Тој им посака успешен тренажен процес и пријатни моменти на младите репрезентативки како и успех на претстојниот настап во Словенија

Благодарение на заложбите на градоначалникот во соработка со митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, г-н Јосиф, обезбедена е поддршка на овој тренажен процес на младите кошаркарки преку овозможување нивните подготовки во Крива Паланка да продолжат до 10 август 2019 година.

– Благодарност за поддршката и вниманието од страна на градоначалникот, јас како селектор на репрезентацијата мора да истакнам дека во Крива Паланка има одлични услови, одлична клима и добра инфраструктура за спроведување на спортски подготовки. Климата е идеална за тренинг и одмор , најпотребни за играчите. Девојките се задоволни, а и работат посветено, секоја согласно плановите и програмата и работиме на она што ни е зацртано за претстојните официјални настапи на селекцијата, изјави селекторот Никола Златев.

На средбата беше најавен и претстојниот официјален контролен натпревар меѓу женската кошаркарска репрезентацијата до 14 години на земјава и соодветната селекција на Бугарија, што следната недела ќе се одигра во Крива Паланка.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com