Connect with us

Фудбал

Грчкиот весник „Газета“ со шокантен текст: Наместен мечот Црвена З.-Олимпијакос!?

Грчкиот весник „Газета“ објави текст во кој наведува дека Црвена Зведа го совладата Олимпијакос благодарејќи на францускиот судија Беон Бастијен, кој според нивното мислење престрого покажал црвен картон на фудбалерот Бензиа во 58.минута. Воедно весникот пишува дека истиот судија на крајот му „помогнал“ на белградскиот тим бидејќи не го исклучил Марко Марин за намерно удирање на Цимикас.

„Газета“ вели дека Србите и Француските едни на други помагаат во европскиот фудбал, а според нив „сценариото“ на овој меч било изрежирано.

Почнаа од српскиот судија Милорад Мазиќ и дуелот Франција-Германија. Грците сметаат дека српскиот арбитар тогаш досудин пенал за „Триколорите“ во 84.минута и на тој начин и обезбедил на Франција прво место во Лигата на нации. Тогаш, како што пишува „Газета“ настанала коалицијата на Србите и Французите.

Французите ја вратиле услугата на мечот Партизан и Молде, која според нив судијата Руки Буке ги „протуркал“ црно-белите во плеј-офот во Лига Европа. Се повикуваат на изјавите на тренерот на норвешкиот тим.

Инаку, Црвена Звезда во вторникот славеше против Олимпијакос преку пресврт со 3:1.