Ракомет
Грчките навивачи краделе низ Скопје и нападнале момче, МВР потврди дека навивачите на ПАОК предизвикале инциденти
Навивачка група од Грција попладнето го нарушила јавниот ред и мир во центарот на Скопје поради што имаше зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница кај „Рекорд“.
– Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Инаку, навивачите биле на клубот ПАОК од Солун, кои допатувале во Скопје за да го бодрат женскиот тим на оваа екипа на гостувањето кај Металург во рамките од ракометниот. Инаку, Македонскиот женски ракометен клуб Металург загуби и на реваншот од второто коло во Европскиот куп против ПАОК. Откако на првиот меч во Солун грчката екипа славеше со 26:17, ривалот беше подобар и на реваншот во Скопје со 20:31.