Connect with us

Кошарка

Грифин повторно со иста повреда, последниот пат отсуствуваше цела сезона

Во победата над Лос Анџелес Лејкерс, играчот на Клиперс, Блејк Грифин беше приморан да го напушти паркетот во последната четвртина откако во борба за топка неговиот соиграч Остин Риверс падна на неговото лево колено.

Она што го загрижува раководството на клубот е што станува збор за истото колено на кое беше извршен хируршки зафат поради кој Грифин ја пропушти сезоната 2009-10.