Connect with us

Фудбал

Гризман и Меси без „контакт“ на теренот, Аргентинецот вели нема никаков проблем

Лионел Меси ги коментираше гласините дека имало конфликт помеѓу него и летното засилување, Антоан Гризман. Аргентинецот негираше недоразбирање со францускиот напаѓач.

– Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Сè е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Хетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, со цел да преминеме спокојно кон натпреварите на националните тимови, рече Меси, цитиран од „Кориере дело Спорт“.

Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите со Интер, Меси и Гризман немаа скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие размениле вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

Пред мечот со Интер, Гризман шокираше со неговата изјава кога рече дека Меси не е многу разговорлив човек, како и тој, па било тешко да се разговара со Аргентинецот.