Фудбал
Гризман се врати во Атлетико и испрати порака
Гризман, кој замина од Атлетико во Барселона, и тоа не на најдобар начин, се врати во екипата по две години. Договорот е позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп по завршување на сезоната за 40 милиони евра.
Барселона и Атлетико Мадрид си подадоа рака за позајмица по која клубот од шпанската престолнина ќе мора да го купи Французинот за 40 милиони евра, операција со која стана јасно дека Французинот става крај на својата двегодишна неуспешна етапа на „Камп Ноу“.
Од друга страна, пак, Атлетико Мадрид го испрати на позајмица Саул Нигез во Челзи. Одличниот играч ќе биде големо засилување за европскиот првак.
Барселона ова попладне информираше дека Усман Дембеле ја наследува „7-та“ на Гризман која остана празна од синоќа, но истовремено пристигна и прошталната порака од Антоан за времето минато во Каталонија.
– Сакани кулерси (фанови на Барса), се збогувам со огромна благодарност за љубовта која ја добив. Дадов се за овој дрес, се припоив за овој голем клуб и си одам тажен бидејќи не уживав со вас на трибините. Сепак, горд сум што бев еден од вас, – гласи кратката порака на Гризман.
Gracias @FCBarcelona ?? pic.twitter.com/JygoW5pwQj
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) September 1, 2021