Connect with us

Фудбал

Грците ги мачеа Французите, мечот го реши Мбапе

Франција се намачи на дуелот против Грција во Париз, но на крајот ќе се памети победата – 1:0.

И тоа од пенал, кој во 55. минута го реализираше еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе.

Претходно Грците предводени од голманот Влаходимос даваа отпор во Париз, нивната мрежа беше заклучена, се до тој удар од белата точка. Хелена остана со играч помалку од 70. минута, кога Мавропанос доби директен црвен картон.

Франција по четири кола е максимална, сега со голема предност во однос на ривалите во групата, додека ова е прв пораз за Грците во квалификациите за ЕП.