Connect with us

Ракомет

„Група на смртта“ за Еурофарм во ЛЕ

Битола, 2 октомври 2020 (МИА) – Екипата на Еурофарм Пелистер ја доби „групата на смртта“ во Лигата на Европа по денешната ждрепка за групната фаза.

Тимот од Битола ќе се соочи со германски Рајн Некар Левен, а за противник ќе ги има и Татабања, Кадетен Шафхаузен, ГОГ од Данска како и Тримо Требње.

Првите натпревари во Европската лига се играат на 20 октомври, а првите четири тимови од секоја група се пласираат во осминафиналето.

Група Д:

Татабања
Кадетен
Еурофарм Пелистер
Рајн Некар
ГОГ Гудме
Тримо