Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Да се победи Наполи двапати за две седмици е нешто неверојатно

Манчестер сити игра одлично во ЛШ оваа сезона. Го победи наполи со 2-4 во Неапол, и успеа да се пласира во осминафиналето, нивниот менаџер Пеп Гвардиол е воодушевен од изданието на своите фудбалери.

„Да се победи Наполи двапати за две седмици е нешто неверојатно. Сега го сторивме тоа пред фантастична публика. Наполи има одличен тим и фантастичен тренер. Најмногу од се ме радува што успеавме да се вратиме во мечот, иако во првите триесетина минути не ’масакрираа’. Но, имавме одлична реакција по ова, и на крајот заслужено славевме. Среќен сум што се пласиравме во нокаут фазата, сега можеме да се насочиме многу посериозно кон искушенијата во Премиер – лигата“ – рече Гвардиол