Фудбал
Гвардиола: Имам план за двете финалиња
Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, зборуваше на прес-конференција пред последниот натпревар на тимот во Премиер лигата. Манчестер веќе го крена трофејот, но во недела ќе се соочи со Брентфорд. Гвардиола ги коментираше двете претстојни финалиња – за Лигата на шампионите против Интер и за ФА Купот против Манчестер Јунајтед.
“Брентфорд повторно имаше импресивна сезона. Против нив е многу тешко да се игра. Ќе одиме на овој натпревар максимално посилно. Доколку дотичните играчи се подготвени, ќе бидат избрани. Некои од нив се подобри. Утре имаме тренираме и ќе одлучиме. Мораме да го одржуваме ритамот. Никој не е цврсто надвор. Шансите на некои се 50/50“, изјави тренерот на „Граѓаните“.
„Можам да кажам дека минатата недела видов малку од Интер, но оваа недела не ги гледав. Сега сум повеќе фокусиран на Јунајтед. Го гледав нивниот натпревар со Челзи и почнав да прегледувам што направија претходно. Имам план за финалето со Јунајтед, како и за она со Интер. Подготовката за двата натпревари е различна. Мора да видам колку и кои играчи ќе имам. Бев импресиониран откако го видов Јунајтед вчера. Мора да се подготвиме на најдобар можен начин“, изјави шпанскиот специјалист.
„Знаеме во каква ситуација се наоѓаме. Тоа е нешто што се случува еднаш во животот – да се освои Премиер лигата на три кола до крајот и две финалиња. Мораме да се опуштиме, да уживаме и да дадеме се од себе. Никој не може да биде сигурен дека ова ќе ни се повтори“, додаде Гвардиола.