Фудбал
Гвардиола: Исцрпени сме
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше многу горд на прогресот на „граѓаните“ во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ со вкупен резултат 4:1 го елиминираа Баерн Минхен.
„Имавме некои потешкотии во првото полувреме и имавме среќа пред промашениот пенал. Имаа една или две шанси и се можеше да се случи, но ние добро се браневме“, започна каталонскиот специјалист.
“Вториот дел беше многу подобро од првата минута, но ние сме исцрпени. Не знам како ќе се опоравиме за да играме со Шефилд Јунајтед (НБ – полуфинале на ФА Купот). Ќе биде тешко до сабота, “ изјави Пеп.
Гвардиола го пофали својот напаѓач Ерлинг Халанд, кој промаши пенал, но потоа постигна гол на Алијанц Арена: „Неговата завршница е навистина добра“.