Connect with us

Фудбал

Гвардиола по мечот со Свонси: Жал ми е што победивме на тој начин

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш ја отвори темата за воведување на системот ВАР на секој стадион.

Вчера „граѓаните“ го победија Свонси со 3:2 во четвртфиналето на ФА Купот, но два од нивните голови беа прилично контроверзни. При пеналот за вториот гол на гостите, речиси немаше фаул над Рахим Стирлинг, а победничкиот гол на Серхио Агуеро беше од очигледен офсајд.

По мечот, тренерот на гостите изјави дека не е среќен што победиле на тој начин.

– Вистината е дека не ги видов овие ситуации. Ако навистина нема пенал и голот е од офсајд, како што велат луѓето, тогаш ми е жал. Но мора да ги прашате шефовите на ФА зошто на овој стадион нема ВАР. Тие ги прашаа сите клубови дали сакаат воведување на ВАР и рековме дека сакаме во текот на целата сезона. Насекаде во Европа веќе ма ВАР, но не и тука. Треба да прашате зошто е тоа така. Не сакам да победувам на сличен начин, изјави Каталонецот по вчерашниот меч,во кој неговиот тим губеше со 2:0 на полувреме.

Сепак, тој изрази мислење дека тимот играл добро како целина.

– Ако ја анализираме играта, мислам дека заслуживме да победиме, убеден е Гвардиола.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com