Connect with us

Фудбал

Гвардиола сепак знае кај е „најтенок“, се разгледуваат опциите, во јануари следува купување

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола пред извесно време порача дека нема да бидат премногу активни во јануарскиот преоден рок. Сепак, според англиските медиуми тоа е само „димна завеса“. Сити, ќе купува и тоа на позицијата на која е „најтенок“.

Податоците велат дека, освен на мечот со Арсенал, на последните 13 меча ниту еднаш не ја сочувале својата мрежа. Компани замина, Лапорте е повреден, па дефанзивата е очајна може така да се каже.

Прва мета е Нејтан Анке, но тој има клаузула за кам-бек во Челзи, а „сините“ сигурно нема така лесно да го пуштат во Сити.

Скаутите на Пеп Гвардила веќе следеле неколку играчи. Рубен Дијаш од Бенфика, Пау Торес од Виљареал се оние кои се спомнуваат како реални опции во јануари. Но, доколку раководството одлучи да „фрли“ повеќе пари, тука е и Кулибали од Наполи.