Connect with us

Тајмаут

Хабиб го следат скоро 13 милиони луѓе, а тој само 363 луѓе и само неколку познати

Најпознатите лица го користат Instagram заради нивна сопствена промоција, па така и Хабиб Нурмагомедов.

Светски шампион пред две недели го совлада Конор Мекгрегор во Лас Вегас и оттогаш него го познаваат и оние кои пред тоа не слушнале за него.

Тој стана омилен во светот. До таа борба, имал околу 6 милиони следбеници на Instagram, сега речиси 13 милиони, или поточно 12.7 милиони луѓе го следат на Instagram.

Некои Instagram го користат за да гледаат убави девојки, некои за “лов”, некои за промоции и секојдневно информирање на пријателите за нивните активности, а Хабиб, исто така, на овој начин ги известува своите фанови за активностите и често поставува фотографии.

И додека го следат речиси 13 милиони луѓе, тој следи само 363 луѓе. Ја погледнавме малку листата на луѓе кои ги следи и најчесто се луѓе од регионот, пријателите, роднините или борците на УФЦ.

Конор Мекгрегор не се најде на листата на луѓе кои ги следи, но се најдоа официјалните профил на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Мајк Тајсон, како и на рускиот фудбалер Артем Џуба.