Connect with us

Други спортови

Хабиб потпиша договор со руски фудбалски клуб

Поранешниот УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов потпиша договор со рускиот третолигаш, Легион Динамо. Дагестанецот е познат како многу голем фан на фудбалот, па со потписот му се исполни сонот еден ден и професионално да заигра.

„Голема битка не чека во Легион и за неа се потребни големи борци“, соопшти овој дагестански тим.

Овој тим е основан во 2015 година и добро влезе во новата сезона, од три натпревари имаат седум бодови. Останува да видиме дали Кабиб ќе добие шанса во некои од нивните натпревари.

Хабиб од мал сонувал да биде фудбалер, а конечно тоа ќе му се исполни сега. Тој е голем фан на фудбалската игра и често беше присутен на големи дерби натпревари во Лигата на шампиони. Негов омилен клуб е Реал Мадрид.