Connect with us

Фудбал

Хаџи има ковид-19 и нема да игра против Македонија!

Романскиот селектор Мирел Радои остана само на 17 фудбалери после позитивниот тест на Јанис Хаџи.

Симптомите кај голгетерот на Романија се појавиле денес, а направениот тест на крај донел позитивни резултати.

Од лекарскиот тим ме информираа дека брзите тестови биле негативни, чекаме резултат од ПЦР тестовите, па моравме и да импровизираме на тренингот, – вели романскиот селектор.

Синот на славниот Џорџи Хаџи беше стрелец на победничкиот погодок на првата средба со нашата репрезентација.