Фудбал
Хајнкес не ја отфрли можноста да остане на тренерското место во Баерн и следната сезона
Јуп Хајнкес под чие водство Баерн Минхен игра многу добро не ја исклучи можноста да остане да го предводи германскиот шампион и по завршувањето на сезоната.
72-годишниот Хајнкес се нафати да му помогне на Баерн откако клубот го отпушти Карло Анчелоти поради лоши резултати. Договорот му е до 1 јуни 2018 година.
– Не е неможно да останам тренер и следната сезона, бидејќи сметам дека сум толку стар колку што се чувствувам старо. Секогаш се одржував во форма и добро се носев со притисокот, и како играч и како тренер. Фудбалот е како забава. Очекував прашање за мојата тренерска иднина, но сметам дека се уште е рано за било каков одговор. Само ќе кажам дека засега овде сум само привремено, истакна Хајнкес оставајќи го отворено прашањето дали ќе биде тренер на Баерн и следната сезона.