Connect with us

Тајмаут

Хакиран Инстаграм профилот на Ванда Нара, протекоа пораките кои му ги праќаше младиот фудбалер

Неодамна атрактивната Аргентинка Ванда Нара беше жртва на сајбер напад.

На триесет и петгодишната Ванда, сопругата на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди (29), и е хакиран профилот на Инстаграм со над 11,4 милиони следбеници, а објавени се дури и неколку приватни пораки.

Во меѓувреме, хакерите објавија размена на пораки со Есекиел Барса (22), кој инаку игра за Ривер Плата.

Во неколку наврати ѝ пишувал на Ванда, одговарајќи на нејзините приказни, а меѓу другото и напишал „Се заљубив“. Зачудениот напаѓач на славниот клуб од Аргентина и напиша дека е привлечна и совршена, верувајќи дека овие пораки никогаш нема да бидат јавно објавени или дека можеби ќе ги види сопругот на Ванда, Мауро Икарди.

Ванда успеа да го врати својот Инстаграм профил, а пораките кои беа објавени беа избришани. Таа е со Мауро од 2013 година, но од почетокот врската беше проследена со скандали.

Пред да биде со Мауро, Ванда беше во брак со Макси Лопез, кој во тоа време му беше соиграч на Мауро во Сампдорија, а работите да бидат уште полоши, тие двајца беа многу блиски пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)


Во последните месеци од минатата година Ванда и Мауро Икарди останаа на насловните страници на сите таблоиди. Сопругата на напаѓачот на ПСЖ го обвини дека има афера со Чајна Суарез, аргентинска актерка и модел и му предложи развод.

Меѓутоа, ситуацијата се смирила, па двајцата останале во брак, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во иднина.